Иницијативата “Отворен Балкан” предвидува воспоставување на единствен систем на електронска наплата на патарина. Воспоставување на единствен систем на електронска наплата на патарина во Србија, Македонија и Албанија, а покасно и во останатите земји кои што ќе се приклучат на иницијативата “Отворен Балкан” договорено е на самитот во Охрид. Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија со истиот уред за електронска наплата на патарина, во тек на август ќе можат да ја плаќаат патарината во сите три земји без запирање. Македонскиот премиер потврди и дека граѓаните на Србија можат со таговите за патарина да ги поминат без запир и рампите во Македонија и изрази надеж дека тоа ќе придонеси да се намалат сегашните гужви.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
