
Работата на меѓувладините групи и стопанските комори на земјите членки на иницијативата Отворен Балкан продолжи денеска во Тирана, со фокус врз управување и брза реакција во случај на катастрофи и несреќи, недостиг на храна и енергетски кризи. Претставници на членките на Отворен Балкан, Србија, Македонија и Албанија, се согласија дека обезбедувањето храна во услови на светска криза е предизвик и приоритет, поради што трите земји создаваат механизми за взаемна помош, соопшти македонската влада. Заеднички приоритет на членките на Отворен Балкан е регионално енергетско поврзување, зголемување на енергетските капацитети и безбедно и стабилно снабдување со енергија, достапна за граѓаните, се наведува во соопштението.
Во организација на министерката за земјоделство на Албанија, Фрида Крифца, денеска во Тирана ќе се одржи состанок на претставници на три земји со албанските купувачи и дистрибутери на кој ќе се разговара за новите можности за увоз и извоз на шеќер, масло, брашно и сол во регионот, под услови кои се поволни за македонската, српската и албанската економија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden