Отворен Балкан: Со една работна дозвола ќе може да се работи во Македонија, Албанија и Србија

Бојан Маричиќ на својот официјален фејсбук профил објави дека со ратификацијата на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ граѓаните на Македонија, Албанија и Србија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци.

„Преку регионална соработка и оваа иницијатива, а врз основа на европската пракса и принципи, овозможуваме слободен пазар на труд меѓу земјите од Отворен Балкан и повисоки плати.

Со денешната ратификација на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ граѓаните на Македонија, Албанија и Србија  добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци.

Ова значи унапредување на регионалниот пазар и заеднички чекор напред кон единствениот внатрешен пазар на ЕУ.

Мерката е значајна за македонската економија и за македонските компании кои стануваат поконкурентни и ќе можат да отвораат повеќе работни места и повисоки плати за граѓаните.”- стои во објавата на Маричиќ.

Advertisement