Фото: Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“
Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана го пречека првиот лет со што официјално беше пуштена во употреба новата директна авиолинија Тирана–Цирих.
Новата линија ќе сообраќа трипати неделно – секој вторник, четврток и сабота, нудејќи им на патниците побрзо и полесно поврзување меѓу Албанија и Швајцарија.
Од ТИА соопштија дека воспоставувањето на оваа авиолинија претставува уште еден чекор во проширувањето на мрежата на меѓународни дестинации и зајакнувањето на воздушната поврзаност на земјата.
Според аеродромските власти, новата линија ќе придонесе за унапредување на врските меѓу Албанија и Швајцарија, ќе го олесни патувањето на граѓаните и ќе создаде нови можности за развој на туризмот, бизнисот и економската соработка меѓу двете држави.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
