Косовскиот парламент, на вонредна седница изгласа недоверба на владата на премиерот Албин Курти што како точка на дневниот ред беше поднесена од пратениците на ДСК. За недоверба на владиниот кабинет се изјаснија 82 пратеника од вкупно 117 присутни на гласање. Против беа 32 народни избраника, додека еден беше воздржан, пренесува „Косово онлајн“.
Пред гласањето, премиерот Курти изјави оти сака да се заблагодари на министерот за одбрана Антон Чуни за, како што рече, подадената рака за дијалог. Притоа изрази жалење што одлуката за иницијатива на ДСК за недоверна на Владата не „донесена во Косово, туку надвор од Косово“ и оцени дека специјалниот претставник на американскиот претседател за дијалог, Ричард Гренел „имал големо влијание“.
Advertisement