Палестинска ракета експлодираше на автопат во Израел (ВИДЕО)

Десетици ракети се испукани кон Израел, а една од нив експлодира на автопат, што беше снимено од надзорните камери.

Израелските власти велат дека повторно ќе ги насочат нападите во Појасот Газа, доколку е потребно. Ова го изјави денеска  израелскиот воен командант, Авив Кочави, додека Европската Унија повикува на смирување на ситуацијата.

„Ние немаме интерес да го ескалираме конфликтот. Но, ние сме подготвени на сè. Повторувам, немаме никаков интерес за тоа, но ние сме подготвени на секое сценарио. Доколку е потребно, ние дури и ќе се вратиме на политиката на насочени напади”, изјави генералот Авив Кочави на прес конференцијата во израелското Министерство за одбрана.

Четириесет и двегодишниот Баха Абу Ал Ата, лидер на вооруженото крило на исламистичкиот џихад е убиен, како и неговата сопруга, во израелски воздушен напад врз нивниот дом денеска во источна Газа. Оваа информација ја потврдија властите во Израел и во Газа.

„Смирувањето сега е потребно за да се заштитат животите и безбеднсота на израелските и на палестинските цивили. Истрелвуањето ракети врз цивилно население е целосно неприфатливо и веднапш мора да престане“, рече во писмена изјава портпаролката на европската дипломатија, Маја Коцијанчич. Сега екстремистите се одмаздуваат за убиството.

Advertisement