Пандемијата и изборите го одложуваат пописот во Косово за 2022 година

Директорот на Агенцијатра за статистика на Косово, Авни Кастрати, рече дека пописот, кој требаше да се одржи оваа година, ќе се реализира дури во 2022 година, пренесува Радио Слободна Европа.

Заради пандемијата предизвикана од Коронавирусот и Локалните избори кои ќе се одржат во Октомври оваа година, оптимален датум за пописот би бил месец Април 2022 година, но и понатаму не е утврден точен датум, изјави Кастрати.

Според податоците од Агенцијата за статистика на Косово, на крајот на 2019 година, на Косово има 1.782.115 жители.

Професорот од Одсекот за Географија на Универзитетот во Приштина Ибрахим Рамабадани, смета дека одложувањето на пописот е погрешна одлука.

Како што изјави, затоа што за време на пандемија се одржуваат предвемените парламенатрни избори, тогаш ни пописот на населението неможе да претставува некоја опасност за здравјето на граѓаните.

„Одложувањето на пописот на населението влијае на сите планови и планирања во државните институции. Како прво, влијае на буџетот, како да се издвојат средства за опшптините, затоа што бројот на граѓаните влијае на одредувањето на грантовите на локално ниво. Неможе да се изгради училиште, а да не се знаат демографските потенцијали“, изјави Рамадани.

Последниот попис на населението беше реализиран во 2011 година. Од овој процес проистекна дека бројот на населението на Косово е околу 1.8 милиони жители. Но, тука не беа вклучени жителите од општините со српско мнозинство на северно Косово, затоа што тогаш они одбија да бидат дел од тие активности околу пописот.

За идниот попис, Кастрати вели дека „постои воља за учество“ на идните избори од страна на жителите на овие четири /српски општини/ општини претежно со српско мнозинство.

Од друга страна, можноста за вклучување на  жителите од овие четири српски општини во пописот, претседателот на општина Северна Митровица Адриана Хоџиќ не ја потврди, но истовремено не ја исклучува и таа опција.

Во разговорот за Радио Слободна Европа, она изјави дека попсиот на населението е политичко прашање. „Што се оденсува до пописот на населението, тоа е политички процес кој не зависи од општините, туку треба да се донесе одлука на повисоко рамниште. Каква одлука ќе биде  донесена на највисоко ниво, така ќе биде реализирано и ан локално ниво“, исткна Хоџиќ.

Advertisement