Партијата “Единствена горанска партија” со кандидатска листа на локалните избори во Косово

На локалните избори во Република Косово, што ќе се одржат на 17 октомври, 2021 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 26 кандидати од разни делови на областa Гора. На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска горанската заедница, во Косово зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово, вели претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжињер.

Општинските избори на Република Косово, ќе се одржат во недела, 17 -ти октомври. Партијата “Единствена горанска партија” учествува на изборите со наши кандидати за општински советници, не само во областа Гора, туку и во Призрен. Ве покануваме заедно и масовно да излеземе на гласање за да покажеме дека и покрај многубројните и разновидни напори за гаснење на нашиот горански идентитет и гласот на Горанците, ние постоиме, ние сме тука и сме посилни од било кога.

Вашиот глас за Партијата “Единствена горанска партија” ја зајакнува и ја чини уште посилна во посветеноста кон легитимните барања на Македонска – Горанска заедница во Република Косово, европските стандарди на локална самоуправа да ја вклучуваат и областа Гора, и за вистинска економска и политичка еднаквост и поголема застапеност во институциите. Ве повикуваме, излезете на гласање и заокружете го бројот 143, како и бројот на еден од нашите кандидати на листата за советници.

Advertisement