Партијата на Македонците во Грција застана во одбрана на името Македонија

 

Павле Воскопулос Филипов еден од водачите на Виножито, партијата на Македонците во Грција со спротивставен став на грчките претставници и функционери во Фејсбук статус вели дека наместо Mакедонија, Грција треба да го смени името на грчкиот регион Македонија.

За надминување на разликите околу името на нашата држава, Воскопулос предлага пет имиња за грчкиот регион Македонија:
1. Грчки географски регион
2. Географска грчка Македонија
3. Грчка Македонија
4. Регион грчка Македонија.

„Во обидот да се најде компромис ќе беше праведно и конструктивно да се предложат имиња за географската област на Грција за да има чиста и јасна разлика од Македонија како што бара грчката страна”, пишува Воскопулос додавајќи дека Грција има два проблеми со името на Македонија.

„Со државноста, отсликана во македонштината на највисоко ниво во една организирана држава, каде македонскиот национален идентитет е на врвот – целосна еманципација преку независна држава Македонија. Грчката компонента на грчкиот „мит национална историја“ е дека Македонија (регионот) е грчка земја, дека жителите се грчки народ… Со засилување преку македонските државни институции, во независната држава Македонија, се тресе грчкиот став-мит со децении создаван во Грција. Овој феномен македонска држава на Балканот, мора да ја тера Грција во внатрешна реформа, кога станува збор за грчкиот национален идентитет, барем делумно, оти грчкиот е поврзан со македонската компонента развиена во оваа држава по 1913 година.

Постоењето на независна Македонија, просперитетна држава, носител на македонштината, ќе има индиректно влијание на македонското веќе полуасимилирано население во Грција. Логично е Македонците да бараат малцински права, што е кошмар за грчкиот естаблишмент. Ово беше речено на важната средба на политичките лидери во Грција на почетокот на ’90-те и првите чекори за независна Македонија. Накратко опишувам ова е сржта на грчкиот проблем. Затоа Грција очајно пробува да ја спречи целосната македонска национална и државна еманципација, признавање и почитување на македонскиот национален идентитет, пишува Васкопулос. На крај, Васкопулос, пишува дека Македонската дипломатија знае како треба особено пред странскиот фактор.

Advertisement