Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора по неколку години побара преминот да има постојан граничен режим, што значи отворен да биде 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.
Преку овој премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето меѓу Македонија – Албанија и Косово, можат да минуваат само жителите од пограниниот појас од 25 километри и тоа со посебни дозволи. Во областа Гора на Косово распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповест.
Advertisement