Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил повика на примирје во Украина за Бадник и Божик

Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, ги повика двете завојувани страни во војната во Украина да прогласат примирје за Бадник и Божик во Украина и во Донбас.

„Јас, патријархот московски и серуски Кирил, апелирам до сите страни вклучени во меѓусебниот конфликт за прекин на огнот и воспоставување божикно примирје од 12 часот по московско време на 6 јануари до 12 часот на полноќ на 7 јануари, за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божик“, руската агенција ТАСС ја пренесе изјавата на патријархот Кирил.

Advertisement