Патувачко кино на македокс во Лабуништа, Бучимас, Вишни, Драслајца, Пустец, Луково и Лин

Во еден османлиски дефтер на Охридскиот санџак од 1583 Радожда се појавува под името Радохожда, а ние само се држиме до тоа, радо одиме натаму.

А и минатата година се дрзнавме да се споредиме со јагулите кои упорно ги совладуваат сите препреки да стигнат по Дримон до езероно, па редно е сега да останеме на зборот и да го досонуваме Дримон. Да бидеме упорни како нив. А и не бендиса! Сфативме зошто се мачеле пустите. Убо е! Годинава сме пак покрај двете наши најголеми води. И така со полузамаглен поглед гледавме во далечините Преку езерото кога во некој миг на сиеста или глуво доба, ќе чуеш глас дури отаде, па се прашуваш, кои се тие луѓе, како изгледаат, како живеат?

Сега ќе им одиме на гости, на некои сефте на некои повторно, со помош на Агенцијата за филм, германската амбасада и овозможено од Фондацијата Западен Балкан, ќе се дружиме со луѓето на кои езерото им е и благослов и проклетство. Годинава, со многу гости ширум европата ќе пуштаме филмови и ќе се дружиме во: Лабуништа, Бучимас, Вишни, Драслајца, Пустец, Луково и Лин.

Не знаете каде се? Не се гледаат од Карпош или Аеродром. Гуглајте, или гледајте слики и хроники, а за вистинско доживување – дојдете на проекција и дружба. Тука воздухот, водата и рибите се свежи а стисокот на раката цврст и полн со поддршка. Времето тече субјективно, а имаат и бурек со кромид!

Програма:

01.07. Струга, Кингстон, загревање со Rootboy Selector
02.07. Лабуништа
03.07. Бучимас
05.07. Вишни
06.07. Драслајца + забава со DJ Flooder
07.07. Пустец + acoustic jam session со другарите на Деко
10.07. Луково + забава со Rootboy Selector & DJ Hauz Majstor
11.07. Лин + забава со Rootboy Selector

Advertisement