PayPal забележи значителен раст

Платежната услуга „Paypal“ успеа во третиот фискален квартал повторно да забележи значителен раст на својот бизнис и повторно ги надмина целите за целата година, пренесува „Ројтерс“. Во однос на истиот период минатата година профитот отскокнува со 18 отсто до 380 милиони долари (321 милиони евра), објави поранешната сестринска фирма на „Ebay“ во четвртокот, по крајот на берзанското тргување. Приходите скокнаа за 21 отсто на 3,2 милијарди долари.

Покрај тоа, инвеститорите ја поздравија веста за подигнување на фискалните цели. Чистата добивка по акција на „PayPal“ треба да се подигне до меѓу 1,86 и 1,88 долари за акција од 1,80 до 1,84 долари. За четвртиот квартал се очекува добивка од 50 до 52 центи за акција наспроти просечните аналитички проекции за 51 цент. „Paypal“ е во подем и со акции со проценка од 80 милијарди долари веќе е на нивото на „American Express“, поранешната компанија мајка „еВay“ разочара со излагањето ден порано. За тековниот квартал, „eBay“ очекува нето добивка во опсегот од 57 до 59 центи по акција. „Волстрит“ досега очекува 59 центи по акција.

Advertisement