По три недели од кибернападите, онлајн јавните услуги во е-Албанија се целосно вратени во нормала

По три недели од кибернападите, онлајн услугите за граѓаните и бизнисите во Албанија сега се нормално достапни. Во моментов, 1214 од 1225 онлајн услуги обезбедени на платформата е-Албанија можат да ги користат граѓаните и бизнисите со иста брзина и леснотија како и предтходно.Зајакнати се безбедносните механизми на јавните онлајн сервиси и владините сајтови, стои во соопштението на Националната агенција за информатичко општество.

Како што на 16 минатиот месец соопшти агенцијата кибернападите од надвор биле синхронизирани и софистицирани.

Ги информираме албанските граѓани дека сме принудени привремено да го затвориме пристапот до онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници бидејќи се соочуваме со синхронизиран и софистициран кибер – криминални напади надвор од Албанија. За да ги издржиме овие невидени и опасни напади, принудени сме да ги затвориме владините системи додека не се неутрализираат непријателските напади, информираше Агенцијата.

Премиерот Еди Рама изјави дека зад нападите стојат две држави но не кажа кои, на граѓаните и бизнисите им гарантриаше безбедност на податоците а ги демантираше информациите дека хакерите на владата и побарале 30 милиони евра за да го одблокираат системот.

Според Топ чанел, пак, хакерите успевајќи да пристапат до серверите на службените документи, успеале да преземат разни документи на своја веб-страница, на која објавиле оригинални документи.

Advertisement