Почина британската кралица Елизабета Втора

Почина британската кралица Елизабета Втора, на 96-годишна возраст, јави Би Би Си. Таа беше британски монарх кој најдолго владееше на тронот, цели 70 години. Кралското семејство објави на официјалните профили на социјалните мрежи дека кралицата починала мирно во замокот Балморал во Шкотска. Наследникот на тронот, синот Чарлс со придружничката вечерва ќе остане во замокот, а утре се враќа во Лондон.

Advertisement