Почина Ферус Мустафов македонската музичка легенда

По кратко боледување, синоќа почина музичкиот виртуоз и легендарен изведувач на кларинет и саксофон, Ферус Мустафов, од Македонија. Ферус претрпе мозочен удар на 26 април и беше во болницата “8 Септември”.

Социјалните мрежи се исполнети со пораки на простување и сочувство од пријателите и семејството на оваа икона на ромската музика.

Ферус Мустафов беше роден на 20 декември 1950 година во Штип, во ромско семејство с богата музичка традиција. Тој имаше исклучителна кариера, со многу настапи ширум светот и остави огромно наследство во светската музичка сцена. Неговата професионална патека започна на младински години, додека студираше виолина и кларинет во локална музичка академија.

Ферус настапуваше во многу земји и имаше богата дискографија со неколку албуми, претежно со инструментални композиции. Погребот на Ферус Мустафов ќе се одржи на гробиштато во неговиот роден град.

Нека почива во мир.

Advertisement