Почина Лилјана Лазареска долгогодишен активист во Македонската заедница во Србија

После кратка и тешка болест, денес во Панчево, Србија, почина Лилјана Лазареска, долгогодишен активист во Македонската заедница во Србија. Родена е на 11.08.1961 година во Ново Село, Струмица, Македонија. На Универзитетот „Св.кирил и Методиј“ во Скопје дипломиреала на одсек Македонски јазик и книжевност. Беше првата наставничка за предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“ во училиштето „Гоце Делчев“ во Јабука. Од 2012 година беше новинарка во редакцијата на РТС РТ Војводина на македонски јазик во рамките на емисијата „Македонско сонце“, новинарка во списанието на македонската заедница во Србија, „Македонска виделина“, едно време и уредник на детското списание на македонски јазик „Ѕуница“. Беше иницијатор, оснивач и претседател на Здружението на македонците, Македонски културен центар „Блаже Конески“ од Панчево. Ќе ја паметиме како вреден работник, добар пријател, активист во Македонската заедница во Србија. Нека почива во мир

Advertisement