Почина Медлин Олбрајт

На 84-годишна возраст почина поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Нејзината смрт беше потврдена во имејл до персоналот на групата „Олбрајт стоунбриџ“, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт.

Таа беше првата жена државен секретар на САД, која помогна да се води западната надворешна политика по Студената војна. Бидејќи не беше родена во САД, таа немаше право да се кандидира за американски претседател и беше исклучена од нуклеарните планови за непредвидени ситуации.

Во својата позиција како државен секретар Олбрајт ги зајакна САД и сојузниците, се бореше за демократијата и човекови права и ги промовира американската трговија и бизнисот, трудот и стандардите за животната средина во странство.