
Денес неочекувано почина младиот македонски фолк пејач Емрах Мехмеди од Жировница, роден на 9 август 1990 година во Дебар. Завршил факултет за музичка уметност во Скопје.
Како што се дознава, Емрах животот го изгубил во несреќен случај, паѓајки од скеле.
Емрах важеше за млад и надежен македонски пејач, имаше големи планови во неговата кариера кои за жал останаа нереализирани. Зад него остави два малолетни сина и сопругата.
Го негуваше македонскиот мелос на дебарско-реканскиот крај. Ќе останат запаметени и долго пеани неговите “Жировницо“, “Кога тргнав на печалба“, “Млад сунетлија“, и уште многу песни во кои ќе недостига неговата изведба.
Со болка и тага од него се простуваат македонската фолк естрада и бројните пријатели во Македонија и светот. Искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите за прераната смрт на Емрах. Бог да го прости и нека му дарува место во царството небесно каде што почиваат праведниците. Почивај во мир Емрахе…
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden