Почина патријархот на Српската православна црква Иринеј

Ниту руските лекари кои се приклучија на тимот на лекари кои се грижеа за здравјето на патријархот Иринеј (90) не можеа да помогнат. Тие дојдоа да му помогнат на лекарскиот совет предводен од д-р Иво Удовичиќ. Двате лекарки се врвни експерти, епидемиолози со огромно искуство и беа повикани да помогнат во лекувањето на патријархот Иринеј соопшти извор од воената болница Карабрума, каде што патријархот се лекуваше од 5 ноември, кога му беше дијагностициран ковид-19.

Состојбата на српскиот патријарх Иринеј се влоши пред два дена, изјави за српските медиуми владиката Стефан Шариќ, викарен епископ на патријархот и старешина на Храмот Свети Сава. Очигледно, тој дури сега има симптоми на корона, секрецијата му е зголемена и лекарите се загрижени за тоа, особено поради неговата возраст. Се чини дека симптомите доцнат и дури сега се појавуваат. Загрижени сме, очекувавме дека работите ќе се развијат во поинаква насока – рече владиката Шариќ.

Патријархот е во тешка состојба, рече вчера српскиот претседател Вучиќ и додаде: тој е интубиран, лекарите се борат, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за состојбата на поглаварот на Српската православна црква. Разговарав со д-р Горан Стевановиќ, по интубацијата, лекарите се обидуваат да го свртат патријархот и да извршат дренажа. Тешко е да се предвиди нешто, рече Вучиќ во текот на вчерашниот ден.

Српскиот патријарх Иринеј почина денес. Смртта била констатирана околу седум часот утринава. Српскиот патријарх Иринеј најверојатно ќе биде погребан во криптата во Храмот Свети Сава во Врачар, дознава неофицијално РТС.

Advertisement