Почина Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025)

Почина Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025).

Со длабока жалост ја примивме веста дека почина младата роднокрајна писателка Славица Свидерска. Нејзиното заминување претставува голема загуба за нашата книжевна заедница и за сите кои ја познаваа нејзината искрена љубов кон пишаниот македонски збор. Славица беше авторка која преку своите дела умешно ги пренесуваше чувствата, спомените и боите на македонската стварност. Таа беше наш роднокраен автор и соработник со нашата библиотека во многу активности. Нејзината младост беше исполнета со креативност, соништа и желба да создава и да инспирира. Нека нејзините зборови продолжат да живеат и сведочат за талентот, љубовта и духот што ги остави зад себе, соопштија утрово од НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Славица Гаџова Свидерска родена во 1984 во Битола — македонски поет, преведувач, есеист, теоретичар на книжевноста, доктор на филолошки науки.

Славица Гаџова Свидерска живее и работи во Битола. Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конеки“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Се занимава со проучување на односите меѓу книжевноста, дискурсите на моќта и политичкото насилство.

Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија, главен уредник на издавачката куќа „Восток“.

Нека ѝ е вечна славата и спомен