Почна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот (ВИДЕО)

По децении планирање почна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот. Тунелот ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта до 40 метри под Балтичкото Море и ќе биде отворен во 2029 година, пренесе CNN. Тунелот ќе биде долг 18 километри и е еден од најголемите инфраструктурни проекти, во него се вложени над 7 милијарди евра. Замислен е како алтернатива на моменталната траектна линија која секоја година превезува милиони патници. Со траект се потребни 45 минути, а по изградба на тунелот, со воз ќе бидат потребни 7 минути, додека со автомобил 10 минути за да мине од една држава во друга. Воедно, тоа ќе биде и најдолгиот комбиниран тунел во светот, ќе има компоненти на автопат и на железница.