Инвестициите, иновациите, образованието, деловното опкружување, животната средина и корупцијата, се се области кои треба да се подобрат за поголем економски раст и за нив ќе се зборува на самитот, порачаа организаторите, невладината организација со бизнисмени од дијаспората „Македонија 2025″.За државава и од аспект на евроатлантските интеграции и иницијативата „Мал шенген”, како што порачаа, е најважно да подобри животниот стандард.

Сметаме дека доколку земјата ги фокусира своите напори за напредок во овие области ќе стасаме таму каде што посакуваме,  а тоа е подобрување на нашиот животен стандард со тој во Европската унија.  БДП по глава на жител кај нас е 37 проценти од просекот во ЕУ. Сакаме да  напреднеме тука. Тоа е она што ќе донесе просперитет и ќе влијае за намалување на имиграцијата и одливот на мозоци, рече на прес-конференција главниот извршен директор на Макеоднија 2025 Никица Мојсовска Блажевски.

Според Мајк Зафировски, основач на Македонија 2025, на државава и е потребен економски раст од пет до шест проценти за севкупно подбрување на состојбата во економијата.

БДП годинава ќе расте  3,7 проценти оваа година, подбро од минатата година кога беше 2,9 проценти и подобра од таа претходно од 1,1 процент, меѓутоа тоа не е  доволно. за нашата економија да расте како што треба потребен е раст од пет до шест проценти. Мислам дека двете главни  политички партии ќе се согласат со ова, но сметам дека мора да постои ментален склоп кој ќе го поддржува ова, рече Зафировски.

Како што ќе се подобрува економската состојба, порача тој, така и инвеститорите, вклучително и тие од дијаспората ќе доаѓаат се повеќе. Многу е важно и јакнењето на домашните бизниси кои треба да бидат присутни и на меѓународните пазари, како и финансиската поддршка за нивен развој.Одлуката на ЕУ да не добиеме датум за преговори за членство, според Зафировски,е разочарувачка, но треба да биде поттик за реформи, а влегувањето во НАТО е важен чекор за стабилноста на државата и од аспект на инвестициите. – Како горд Македонец секогаш треба да размислуваме на работите кои се поврзани со одлуката на ЕУ да не почне преговори, а една од главните работи за кои треба да размислиме е секако корупцијата, забележа Зафировски.

Како што потенцираше Мојсовска Блажевски, Самитот што ќе се одржи во наредните три дена е платформа преку која сакаат да ги  поврзат бизнисите од земјава и странство со вклучување на дијаспората која е наш голем ресурс.- Бројките покажуваат дека во диајспората имаме 500.000 до 600.000 иселеници и меѓу нив има вистински професионалци кои сакаат да помогнат на нашата земја. Целта на самитот е и да сподели знаења, да пренесе иноваци и да иницира и мотивира економски реформи.

На посебни панели ќе бидат претставени макеоднски компании кои дават услуги во странство и успешни Македонци кои се присутни на светските бизнис листи, а ќе се зборува и за тоа како бизнисите побрзо и полесно да дојдат до  финансиски средства. – Сакаме да ја мотивираме и инспирираме нашата дијаспора и на младите да им покажеме дека можат да живеат и работат и тука и да бидат успешни во цел свет, посочи Мојсовска Блажевски.

Во пресрет на официјалниот старт на Самитот планиран за утре претпладне, денеска се одржуваат средношколски натпревар „Најдобар бизнис концепт” и бизнис натпревар за стартапи. На официјалното отворање на самитот, во програмата се најавени обраќања на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.