
Со длабока тага дознавме за терористичкиот напад врз црквата на Светиот пророк Илија во Дамаск, што се случи вчера за време на Божествената Литургија, каде што десетици невини верници ги загубија своите животи или беа повредени.
Автокефалната православна црква на Албанија го осудува овој чин на насилство, уште повеќе што се случи во текот на светиот час на молитвата, за време на Тајната на Божествената благодарност. Според мудрите зборови на нашиот покоен архиепископ Анастасиј: „Никој нема право да го користи маслото на религијата за да го разгорува огнот на конфликтите. Религијата е божествен дар, даден за смирување на срцата, лекување на раните и зближување на поединците и народите.“
Изразуваме искрено сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за Неговото Блаженство, Патријархот Антиохиски, г.г Јоан, и за целата Сириска православна заедница. Се молиме за покој на душите на невините жртви и за брзо закрепнување на повредените.
Од Албанија, земја која докажа дека мирниот соживот меѓу религиите не е недостижен сон или утопија, туку жива реалност, ги повикуваме сите да застанат обединети против насилството. Мирниот соживот на народите и религиите е единствениот пат кон подобра иднина.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden