
Поранешниот албански вице-премиер Арбен Ахметај, за кого Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, побара одземање на пратеничкиот мандат и негово апсење, не се наоѓа во државата.
Ова на расправата на парламентарна комисијата за мандати и именување ја потврдиле неговите адвокати, додавајќи дека тоа го направил пред неколку дена, дека не знаеле каде е, со која цел и дали некогаш ќе се врати.
Постојат основи на сомнение дека заминал во Канада, каде ќе бара азил. Неговото заминување е бегство од правдата, потпомогнато од власта, која е потоната во корупција и криминал, рекол тој, запрашувајќи ги надлежните зошто не му го одзеле пасошот и не го ставиле во домашен притвор, обвини Газмен Барди од Демократската партија.
На социјалните мрежи почна да циркулира фотографија на која Ахметај е на преминот Какавија на граница со Грција, која според авторот на фотографијата е направена во петокот (7 јули). Истата ја пренесуваат и албанските медиуми.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden