Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземените повластици

Поранешниот социјалдемократски германски канцелар Герхард Шредер го тужи Бундестагот во обидот да ги поврати посебните повластици коишто му беа одземени во мај поради неговиот ангажман во руските енергетски концерни, изјавил во петокот неговиот адвокат за агенцијата DPA.

Седумдесет иседумгодишниот Шредер бара да му биде вратена канцеларијата во парламентот во тужба поднесен пред берлинскиот Управен суд, изјавил неговиот адвокат во Хановер, Михаел Нагел.

Комисијата за буџет на германскиот парламент во мај донесе одлука на Шредер, кој долго беше цел на остри критики во Германија поради неговите деловни и пријателски врски во Русија, дека мора да се откаже од своето право на канцеларија во Бундестагот, иако и натаму има право на пензија и осигурување.

Адвокатскиот тим на поранешниот канцелар тврди дека одлуката на буџетската комисија на Бундестагот за престанување на финансирање на канцеларијата со персонал на што Шредер имал право и негово последично укинување било незаконски, се наведува дека во соопштението на адвокатската канцеларија кое го добила агенцијата DPA.

Advertisement