Посета на градоначалникот Радојичиќ на Сојузот и здруженијата на националните малцинства

На иницијатива на претседателот на Сојузот на национални малцинства на Република Српска, Фрањо Ровер, во понеделникот, на 5 октомври, беше организиран работен состанок помеѓу претставниците на Сојузот и Здружението на национални малцинства и градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојичиќ.

По овој повод, градоначалникот Радојичиќ ја пофали работата на сите здруженија во претходниот период, иако сегашната епидемиолошка состојба во тековната година значително ја отежнува работата и активностите на здружението, особено во обемот на поголемите културни настани што вклучуваат присуство на повеќе луѓе.

Тој исто така изрази благодарност за сите критики, пофалби и сугестии што беа испратени досега, а кои во голема мера придонесоа за креирање на позитивна локална политика и континуирана поддршка за работата и активностите на здруженијата на националните малцинства.

Редовните работни состаноци и состаноците на здруженијата на националните малцинства со претставници на Градската администрација и градоначалникот на Бања Лука се редовни годишни активности за време на кои претставници на Сојузот и здруженијата редовно информираат за тековните проекти и спроведените активности што придонесуваат за промоција на културата и културното наследство на националните малцинства а кои воедно приодоенсуваат и за  подобра промоција на градот Бања Лука.

 

Advertisement