
Постапката за избор на Државен јавен обвинител формално ја води Владата на Република Македонија, но суштинскиот филтер е Советот на јавни обвинители на Република Македонија.
Советот има 11 членови јавниот обвинител и министерот за правда по функција, обвинители избрани од редот на обвинителството, еден претставник на немнозинска заедница и тројца истакнати правници избрани од Собранието на Република Македонија.
Според член 64 од Законот за јавно обвинителство, Владата може да предложи само кандидат за кој Советот дал позитивно мислење. Без тоа – нема избор, огласот се повторува. Значи, клучот е кај Советот.
Од извори блиски на Советот со оглед на капацитетот на кандидатот Владимир Панчевски постои страв кај членовите на обвинителскиот совет од неговиот габарит и знаење, па тие ќе се обидат да го дискфалификуваат од кандидат така што нема да му дадат позитивно мислење. Овој кандидат е израз на волјата на народот и тоа народот јавно го покажа со искрена и јавна поддршка бидејки само тој ја искусил неправдата врз својот грб но и знае како функционира трулиот обвинителски.
Во вакви услови, изборот е повеќе од кадровско прашање. Кога обвинителството со години има доверба од едвај 2%, кандидат „одвнатре“ најчесто значи статус-кво и меѓусебна заштита. Наспроти тоа, кандидат „однадвор“ – поранешен судија и претседател на Киривичен суд со докажан интегритет и авторитет – претставува дополнителен квалитет: независен од внатрешни врски, способен да препознае здрави кадри и да спроведе вистинска реформа.
Затоа, одлуката на Советот не е формалност, туку пресуден момент дали ќе се зачува системот со 2% доверба или ќе се отвори пат за обновување на кредибилитетот на целото обвинителство./www.aerodromci.com
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden