Потпретседател на Федералната унија на европските националности Ангелика Млинар избрана за нова министерка во словенечката влада

Со 44 гласови „За” и 43 „Против”, словенечкиот Парламент синоќа ја избра Ангелика Млинар за нова министерка за кохезивна политика, развој и стратешки проекти. Премиерот Марјан Шарец по гласањето изјави дека е среќен поради назначувањето на Млинар. Млинар, која има словенечко потекло, е австриска државјанка која беше активна во австриската политика. За да добие словенечко државјансто по итна постапка и помогна тоа што таа е родена во дел на Австрија, односно Австриска Корошка, каде што живеат етнички Словенци и тоа што таа беше третирана како човек од национален интерес. Ангелика Млинар е Потпретседател на Федералната унија на европските националности исто време и Преседател на Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН).

Advertisement