
Повторно земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран пред неколку минути, со епицентар во селото Хочишт, во општина Девол.
Според прелиминарните информации, потресот бил слабо почувствуван од населението во околните места, а засега нема пријави за материјална штета или повредени лица.
Надлежните служби ја следат состојбата и се очекуваат дополнителни информации.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden