Православните верници слават Свети Архангел Михаил

Денешниот празник православните христијани го одбележуваат во слава на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на Свети Архангел Михаил, затоа што Архангел Михаил бил водач на целата ангелска војска и водач на сите небесни сили. Собор на Свети Архангел Михаил е меѓу поголемите есенски празници. Меѓу народот е попознат како Аранѓел или Аранѓеловден. Именден денес празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаела, Михо, Рајко, Рајна, Ратка. Многу семејства денешниот ден го имаат за домашен празник и слава.

Advertisement