Православните верници и Католичките верници го празнуваат Божик по Грегоријанскиот календар

Православните верници и Католичките верници кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос. Божик го слават Албанската, Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Advertisement