Пред инаугурацијата на Бајден, Ким ги нарече САД „најголемиот непријател“

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун повика на развој на понапредно нуклеарно оружје и ги нарече САД „нашиот најголем непријател“, пренесува во саботата државните медиумии во Пјонгјанг, што се толкува како предизвијка за новозибраниот американски претседател Џо Бајден само десет дена пред да стапи на должноста.

Непријателската политика на Вашингтон нема да се промени, без разлика на тоа кој ќе ја заземе Белата куќа, но откажувањето од таквата политика би било клучно за севернокорејско-американските одности, рекол Ким кого го цитира службената новинска агенција KCNA.

„Нашите надворешнополитички активности би требало да ги насочиме на надвладувањето на САД, нашиот најголем непријател и главанта пречка за нашиот иновативен развој.

Северна Кореја не би го „злоупотребила“ своето нуклеарно вооружување, додал Ким, но земјата го проширува својот нуклеарен арсенал, вклучително и „превентивните“ и „возвратни“ ударни капацитети и боевите глави со различни големини. Ким повија на развој на воената опрема, вклучително и на развој на хиперсоничното оружје, интерконтиненталните балистички ракети и разузнавачките сателити и беспилотни летала.

Advertisement