Премиерот Абдулах Хоти во посета на Гора, оствари средба со Претседателот на “Единствена горанска партија“

Премиерот на Косово Абдулах Хоти, придружуван од вицепремиерот, Дритон Селманај, министерот за земјоделство Бесијан Мустафа, министерот за инфраструктура, Арбан Абраши, вчера ги надгледуваа работите за проширување на патот Жур – Драгаш и ја посетија општина Драгаш областа Гора. По посетата на производителите во Драгаш, владината делегација која што беше пречекана и од Претседателот на партијата „Единствена горанска партија“ и Пратеникот од областа Гора во Собранието на Косово, Адем Хоџа во Крушево, каде што се состанаа со земјоделците од оваа област и разговараа за помагање во идниот развој на капацитетите на земјоделството и сточарството во областа Гора.

Владината делегација предводена од премиерот Хоти и Претседателот на партијата „Единствена горанска партија“ и Пратеникот од областа Гора во Собранието на Косово, Адем Хоџа разговараа и за зачувувањето на културното наследство на областа Гора. После тоа, пратеникот Хоџа и министерот за инфраструктура Абраши го посетија патот Рестелица – Стрезимир каде што беше истакнато дека треба да се заврши делницата од 5 км што остана неасвалтирана и беше истакната потребата за понатамошен развој на инфраструктурата во подрачјата каде што живее Македонско-Горанската заедница на Косово.