Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски остварил средба со Бајрам Бегај претседател на Албанија (ФОТО)

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која, како што инофмрира разговарале за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси.

На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на нашите граѓани.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.