Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски освари средба со Елиса Спиропали министерка за Европа и надворешни работи на Албанија

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски во Владата освари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали се разговарало за унапредување на билатералните односи, регионалната соработка и заедничките напори во насока на европската интеграција.

Тој нагласи дека посебен акцент бил ставен на добрососедските односи, стабилноста и развојот на регионот, оценувајќи дека средбата поминала во конструктивен и пријателски дух, со заемна подготвеност за продлабочување на соработката.