
Успешната сезона во 2019 година фудбалерите на Престон Македонија ја заокружија со победата во финалето против ФК Нонавадинг со што станаа шампиони во првата државна лига на Викторија. Лавовите во новата сезона ќе играат во третата Премиер лига на Викторија. Лалор Слога јунајтед без седумнина стандардни првотимци загуби во финалето за севкупен победник во третата лига. Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс, јавува радио СБС.
После десетина години конечно успешна сезона и за фудбалерите на Престон Македонија. Освоеното прво место во првата државна лига на Викторија им донесе промоција во новоформираната трета премиер лига.
Успехот го надополнија и со победата во финалниот напревар за севкупен победник во првата државна лига откако го совладаа Нонавадинг со 2:0. По натпреварот шампионскиот пехар го подигна Аце Петровски. “Задоволни сме од победата но и воопшто од целокупната сезона која беше успешна за нас. Конечно обезбедивме промоција во една лига погоре. Голема благодарност и до навивачите за огромната подршка во текот на сезоната”.
Капитент Аце Петровски го прима победничкиот пехар.
Тренерот Љупче Ацевски исто така не го криеше задоволството по постигнатиот успех сезонава. Упати искрена благодарност до фудбалерите, управата на клубот и верните навивачи. “Сега паузата ќе ја искористиме за разговри со постојните но и со нови квалитетни фудбалски имиња за да направиме силен и квалитетен тим за наредната сезона” вели Ацевски .
Лупче Ацевски тренер на Престон Македонија во средина со своите помошници Капони и Груевски
Фудбалерите на Престон како и на секој натпревар така и на последниот финален натпревар ја имаа подршката од навивачите.
Фудбалерите на Лалор Слога јунајтед загубија во финалниот натпревар за севкупен победник во третата државна лига на Викторија од ФК. Колингвуд со 3:2. Но и покрај тоа Слога догодина ќе игра во втората државна лига што секако е голем успех за клубот.
Лалор Слога Јунатед шапиони во третата лига за 2019
Тренерот на Лалор Слога, Тони Стерјовски по натпреварот причината за поразот од Колингвуд ја виде и во тоа што во составот му недостасуваа дури седумина стандардни играчи.
“Бевме хендикипирани што моравме да настапиме без половина играчи од првиот состав но и покрај тоа оставивме добар впечаток на теренот. Имавмне успешна сезона и целиот успех оди на плеќите на фудбалерите”.
Тони Стерјовски десно со најдобриот стрелец во сезоната Климе Димитревски
Екипата на Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс. Во полуфиналниот натпревар загубија од ФК Рајдерс. Капитенот на Сиднеј Македонија Никола Тодоровски е најдобар стрелец во лигата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden