Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова  во Баку совари средба со Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, денеска во Баку се сретна со Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Средбата се одржа во рамките на 12-тото издание на „Глобалниот Баку форум“.

Бегај на средбата со македонскиот колега разговараше за добрососедските односи, соработката за унапредување во евроинтегративниот процес и ангажманот како сојузник во НАТО.

Претседателот Бегај во својот говор на Глобалниот форум Баку 2025 апелираше за активна регионална и меѓународна соработка и за храбро соочување со денешните предизвици, кои, според него, ги надминуваат политичките и економските граници, бидејќи ги нарушуваат важните вредности, како што се слободата, демократијата, човечкото достоинство, правдата и безбедноста.