Претседателот Иванов: Да си ја чуваме, почитуваме и сакаме Република Македонија

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, заедно со сопругата, г-ѓа Маја Иванова и синот Иван, денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово – Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски”, во Скопје, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан чиноначалствуваше Архиерејска Златоустова литургија.

По завршувањето на литургијата претседателот Иванов на граѓаните со православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Божиќ, посакувајќи им многу здравје, радост, среќа, но и сплотеност, како за празниците така во текот на целата година.

„Празниците не се само за празување туку и за потсетување, да не потсетат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите. Да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме, тоа што го имаме, а не тоа што го немаме. Затоа, да си ја чуваме, почитуваме и сакаме Република Македонија, бидејќи неа ја имаме”, рече претседателот Иванов.