Претседателот на Албанскиот парламент во посета на Македонија

Претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи утре ќе престојува во посета на Собранието на Република Македонија. Ручи утре ќе се сретне и со Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија и ќе даде изјава за медиумите.