Претседателот на Федералната унија на европските националности, Винце освари средба со висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Абдрахманов

Претседателот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и член на Европскиот парламент, Лорант Винце, освари средба на 01.02.2021 година со новиот висок комесар за национални малцинства (ОСНМ) при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Каират Абдрахманов во Хаг. Тие се согласија на силна соработка меѓу Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства. Претседателот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), Винце го покани високиот комесар да учестува во идните конгреси на ФУЕН.

Абдрахманов е казахстански дипломат ветеран. Дипломиран на Казахстанскиот национален универзитет Ал Фараби, тој претходно служеше како министер за надворешни работи на Казахстан, постојан претставник на Казахстан во ОБСЕ и во Обединетите нации, амбасадор на Казахстан во Австрија и Израел.

Функцијата висок комесар за национални малцинства е една од клучните позиции на ОБСЕ доделени за идентификување и решавање на ситуации во врска со тензиите што ги вклучуваат националните малцинства, што може да предизвика конфликт меѓу земјите-членки на ОБСЕ. Комесарот лично ги посетува претставниците на владите и малцинствата и ги анализира тековните закани за стабилноста во регионот на ОБСЕ.

Advertisement