Претседателот на Македонска академија на науките и уметностите акад. Љупчо Коцарев освари средба со Претседателот на Академијата на науките на Албанија акад. Скендер Ѓинуши

Претседателот на Македонска академија на науките и уметностите акад. Љупчо Коцарев освари средба во Скопје со Претседателот на Академијата на науките на Албанија акад. Скендер Ѓинуши, присуствуваа и двајцата потпретседатели Живко Попов и Газанфер Бајрам.

Двајцата претседатели акад. Љупчо Коцарев од Македонска академија на науките и уметностите и акад. Скендер Ѓинуши од Албанска академија на науките ги претставиа структурата, организацијата, правниот статус, реформските случувања и главните резултати на институциите што ги водат.

Утврдено е дека постои очигледна сличност како во организацијата и структурата, така и во законските решенија што се спроведуваат во последните децении, било за акции во име на реформи, или за вистинска реформација.

Се разговараше за потпишување на нов договор за соработка, чиј концепт е прифатен од двете страни веќе две години. Претседателот Коцарев ќе учествува на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Албанска академија на науките и тоа ќе биде можност да се направи нов чекор за проширување на меѓуакадемската соработка.

Advertisement