Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај ги повика Македонците од Албанија, со право на глас, да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на македонското друштво “Илинден” – Тирана, Никола Ѓурѓај, ги повика Македонците од Албанија со право на глас на 19 октомври да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

“Драги Македонци од Албанија со право на глас во Македонија, на 19 октомври 2025 година, ве повикувам масовно да излезете и да гласате за кандидатите за градоначалници и советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ. Заокружете го број 9 за подобра иднина, стои во повикот.

Јас лично, додава,  без никакво двоумење, целосно ги поддржувам сите кандидати на партијата.

“Не заборавајте, промената е во ваши раце. Победата ќе биде историска, посочува Ѓурѓај.