Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија оствари средба со г-дин Зоран Димитровски, Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Зоран Димитровски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Република Албанија. Секако, г-дин Зоран Димитровски беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Република Албанија.
Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија г-дин Зоран Димитровски покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија, и многу отворено се разговараше за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во Албанија. Секако, во опсегот на неговите надлежности, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малциските права на Македонците во Република Албанија. За непосредната и срдечна средба, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло му се заблагодарува на г-дин Зоран Димитровски, Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
