Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај оствари средба со градоначалникот Општина Штип, Јорданов

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на 04.12.2024 година во Општина Штип оствариа средба со градоначалникот Општина Штип, Иван Јорданов. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше градоначалникот Иван Јорданов за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонско национално малциство во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

На состанокот се отворија повеќе теми, пред се за делувањето на друштвото коe повеќе од  една декада работи на унапредување на правата и можностите на Македонско национално малциство во Република Албанија, но и за перспективите за заедничка соработка меѓу Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Општина Штип.

Низ дискусијата, градоначалникот Иван Јорданов покажа исклучителен интерес за положбата на Македонско национално малциство  во Република Албанија. Секако, како градоначалник на Општина Штип искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонско национално малциство во Република Албанија.