
Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, продолжува со средби во татковината Македонија, на кои подетално ги информира соговорниците со положбата на Македонците во Република Албанија и активностите на друштвото.

На денешната средба со Никола Мицевски, пратеник во Собранието на Македонија и Кординатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, детално го информирав за напорите на нашето друштво во реализација на мисијата а тоа е заложбата за остварување на легитимните права на Македонците во Албанија. Изразив голема благодарност за одвоеното време и му донирав примероци од весникот „Илинден“, албумот со народни носии на Македонците од сите делови на Албанија, како и примероци од Резолуциите усвоени од ФУЕН, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.


За средбата објава има и Мицевски, кој ветил поддршка во рамки на можностите и како партија и коалиција.
ВМРО-ДПМНЕ и ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата даваме силна поддршка и ќе сториме се што е во рамки на нашите можности да помогнеме за афирмација и зачувување на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонците од Голо Брдо, Гора, Мала Преспа, Корча, Тирана и секаде каде што каде што има македонско население во Република Албанија, наведува тој.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden