Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) оствари работна средба со, директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска.

На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Република Албанија, секако беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Република Албанија.

Директорката Трајковска изрази подготвеност за идна соработка со здружението во интерес на македонската заедница во Албанија.