Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денeска во Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија оствари средба со Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија.

На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Низ дискусијата, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија, Билјана Стефаноска, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците во Република Албанија на повеќе полиња.