Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, се сретна со студенти од Голо Брдо кои се школуваат во Скопје

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај имаше средба со студентите по потекло од областа Голо Брдо, кои се школуваат во Скопје.

Станува збор за етнички Македонци од Голо Брдо владини стипендисти на Владата на Македонија, кои се редовни студенти на Економскиот, Правниот и Медицинскиот факултет во Скопје. Разговараме за проблемите со кои се соочуваат во текот на студирањето, изјави Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Додаде дека се поголем број млади од оваа област со завршено основно образование, во Голо Брдо, средното образованието го „продолжуваат во татковината Македонија”, пред се во Струга, Охрид, Битола и Прилеп.

Повеќето од нив тука го продолжуваат и факултетското образование пред се во Битола, Штип, Прилеп и Скопје. Во ова пригода беше истакната заложбата што повеќе деца да бидат испраќани во татковината Македонија со цел да се образуваат во матичната држава за иден кадар на Македонците во Република Албанија, посочи Ѓурѓај.

Тој редовно има средби и со средношколците од Голо Брдо а кои се школуваат во средни училишта во Македонија.

Advertisement