Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 68 Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што ќе се одржува во Хусум, Германија од 19 до 22  септември 2024 година. Присутни се околу 30 земји членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата. Друштвото со свои претставници веќе девет години, од кога е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на сите конгреси и други активности. Присутни од 30 земји и 100 организации членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент, г-дин Наби Ибраимтзик потпретседател на Федералната унија на европски националности, Претседателот на работната група на словенски малцинства (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер. Исто така, имаше средба со Јеан Фаивре преставник на Алсатианс германско говорно население од францускиот регион Алзас и Дејан Чулафиќ, Директор на Заедницата на Црногорците во Албанија и г-ѓа Наталиа Ермаков, Претседателка на Естонски сојуз на национални малцинства.

Г-дин Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент

Г-дин Наби Ибраимтзик потпретседател на Федералната унија на европски националности

Претседателот на работната група на словенски малцинства (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер

Јеан Фаивре преставник на Алсатианс германско говорно население во регион Алзас,  Дејан Чулафиќ, Директор на Заедницата на Црногорците во Албанија

Г-ѓа Наталиа Ермаков Преседател на Естонски сојуз на национални малцинства